Дали трудниците смеат да пијат алкохол?

Алкохол не треба строго да се забранува во бременоста, бидејќи умереното уживање во него нема негативно влијание врз развојот на бебето, ова го покажува една студија на Универзитетот во Лондон. Биле испитувани повеќе од 10.000 мајки за време и по бременоста. Било утврдено дека за време на бременоста безбедна доза на алкохол е до 175 ml вино, 50 мл на жесток пијалок или половина литар пиво неделно, пренесува BBC.

– Знаеме дека секојдневнотo пиење за време на бременоста може да има негативни ефекти врз здравјето на фетусот и да ја загрози иднината и развојот на детето, но тоа не може да се случи со мала количина алкохол, вели професор Ивон Кели,ко автор на студијата.

Според статистичките податоци, околу 57 проценти од бремените жени целосно се воздржуваат од алкохол, додека 23 отсто од нив повремено пијат по некој пијалок. Децата на мајки кои умерено пиеле додека биле бремени подоцна не се разликуваат од своите врсници во интелигенција и не се склони кон проблеми во однесувањето,заклучуваат истражувачите.

– Не велам дека алкохолот е од корист во текот на бременоста, но ние сакаме да нагласиме дека мала количина наалкохол докажано е дека не штети – изјави портпаролот на Британската асоцијација за гинекологија и акушерство, Патрик О’Брајан.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.