Дали трудниците раѓаат во предвидениот термин?
Терминот за породување не треба да се сфаќа буквално бидејќи тој варира и до 5 недели. До овој податок дошле експерти од Американскиот институт за здравство и животна средина. Само пет отсто од жените раѓаат во превидениот термин, а 70 проценти 10 дена после тоа.
Просечната бременост од овулацијата до раѓањето трае 38 недели и два дена, иако вообичаениот период е 40 недели или девет месеци, покажало истражувањето направено кај 125 бремени жени. Сепак, постарите трудници и оние подебелите родиле 12 дена по датумот. Експертите велат дека бременост варира до 37 дена, и трае 37-42 недели. на тоа многу влијае возраста на трудницата, тежината и генетиката. Просечната бременост трае 268 дена.