Дали треба да се мијат конзервите со храна?
Пред да ги отворите и од нив да ја извадите храната конзервите треба да се измијат, велат стручњаците. На нив може да има полно бактерии кои по отворањето може да се пренесат и на храната која е спакувана во лименката.
Потопете ја конзервата во млака вода, додадете малку детергент за миење на садовите и безбедни сте.
Постојат и други начини – да ги пребришете лименките со алкохол или со раствор од вода и содабикарбона.