Дали сунетот може да ги намали сексуално преносливите болести?

1,265

Сунетот е религиозна, но во денешно време и модерен медицински третман кој има големо влијание врз хигиената на машките гениталии. Во исто време штити и од сексулано преносливи болести. Ова е резултат на истражувачка студија на Универзитетот во Вашингтон. Научниците откриле дека обрежаниот полов орган има двојно помалку бактерии а во исто време и двојно помал ризик од добивање на херпес, генитални брадавици па дури и ХИВ. Научниците ги споредувале микробиолошките брисеви на пациенти пред сунетот и една година потоа. Најголемото откритие е значајното намалување на анаеробните бактерии на половиот орган. истражувачкиот тим планира д анаправи и понатамошни студии кои ќе треба да докажат дека тој процес го намалува и ризикот од ХИВ инфекција. Практиката на обрежување е вообичаена пракса во САД а се повеќе се шири и во другите развиени земји.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.