Дали сте зависници од шеќер?

Голем дел од луѓето не се свесни дека претеруваат со консумирањето, се додека кај себе не ги воочат првите симптоми на преголемо внесување на благо. Нутриционистите овие симптоми ги поделиле во четири категории и тоа:

1.Појава на акни на лицето

Еден од знаците дека внесувате преголема доза на шеќер е губењето на колаген и еластин во кожата. Тоа доведува до прерано стареење, односно појава на акни. Исто така, шеќерот може да предизвика проблеми во работата на женските хормони, што предизвикува акни во пределот на вилицата, како и различни воспалувања на кожата.

2. Забите почесто ви се расипуваат

Шеќерите создаваат штетна киселина која го уништува непцето, а доведува и до расипување на забите. Поради тоа, многу е важно после консумирање на благо да се измијат забите, со цел да се исчисти остатокот од шеќерот.

3.Ослабено чувство за вкус

Нашето чувство за вкус со голема брзина се навикнува на големи количини на шеќер. Толеранцијата се зголемува со секое ново внесување, па со текот на времето е потребна се поголема доза за нашата потреба за слатки да биде задоволена. Резултатот од ова е губење на способноста за чувство за вкус.

4.Имате помалку енергија

Кога јадеме нешто благо, доаѓа до скок на шеќерот во крвта, но набргу потоа и до негов пад. На тој начин шеќерот црпи енергија од вашето тело.

За Секој кој има некои од овие симптоми на преголемо внесување на шеќер, се препорачува процес на деткоксикација, тврдат нутрицонистите. Тоа подразбира 21 ден посебен режим на исхрана, за телото целосно да се исчисти.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.