Дали сте свесни за опасностите по здравјето ако приготвувате храна во фолија?

Алуминиумот и здравјето

Човечкиот организам може без проблеми да излачи големи количини алуминиум па таа не е ни опасна. Светската здравствена организација (СЗО) за препорачана доза навела 40 мг по килограм телесна тежина на ден, но, сепак, многумина се изложени на многу поголема доза од наведената. Тој е присутен во пченката, некои сирења, солта, зачините и чаевите.

Научниците се уште откриваат дека преголемата изложеност на алуминиум може да му наштети на човечкото здравје, на пример, поголеми количини на овој хемиски елемент се пронајдени кај постари пациенти со Алцхајмерова болест и заклучиле дека тоа е модерна болест која се развивала поради промените на начинот на животот и состојбата на околината поради растот на индустријата. Тие услови можат да ја вклучуваат и високата концентрација на алуминиум во секојдневниот живот.

Алуминиумот претставува други здравствени ризици

Студииите покажале дека високиот внес на алуминиум може да биде штетен за некои пациенти со болести на коските или со оштетување на бубрегот. Исто така, го намалува растот на мозочните клетки.

Избегнувајте ја фолијата при готвењето

Стручњаците сметаат дека би било најпаметно добро да обрнете внимание на количината на алуминиум во кујната пред да ја приготвите храната.

Тавите и останатите кујнски помагала често оксидираат и така допуштаат алуминиумот да продре во храната која на неа се приготвува, но тоа лесно може да се избегне – кога ќе купите нов сад за готвење или печење, проварете во него вода неколку пати додека базата не стане со мат боја. Можеби изгледаат поубаво кога се блескави, но мат базата е многу подобра за вашето здравје. Бидејќи обичната фолија нема заштитен слој којшто би го спречил отпуштањето на алуминиумот, стручњаците сметаат дека миграцијата на алуминиумот во храната која се приготвува значи дека ќе се пречекори дозволениот дневен внес во организмот. Обидете се фолијата да ја замените со хартија за печење или остатоците од храната ставете ги во пластична фолија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.