Дали сте хипохондрик?
Хипохондријата се јавува кај 5-10% од луѓето, и обично се манифестира уште во младоста. За утврдување на фактот дали оправдано сте загрижени за здравјето или претерано се плашите, важни се 4 работи:
1. Вашите грижи ја нарушуваат вашата работа и семејниот живот.
2. Често го контактирате вашиот лекар за истите симптоми, иако сите наоди се уредни.
3. трошите премногу време во разгледување на медицински веб-сајтови.
4. Сте престанале да уживате во некои активности поради стравувањата за здравјето.