Дали солариумите се поканцерогени од сонцето?

198

УВ зраците од солариумите поопасни од сонцето. Шкотски истражувачи откриле дека е двојно поголем ризикот за појака на рак на кожа од солариум отколку истото време поминато  под сонце. Тие го мереле ултравиолетовото зрачење во 40 солариуми во Англија. Дури 9 од 10 солариуми имаат повисок УВ во однос на дозволените граници. Или во превод двојно поголемо зрачење од дозволеното.

И СЗО ги има вметнато солариумите на листата на канцерогени агенси кои најмногу доведуваат до појава на рак. Според Светската здравствена организација, солариумите се во групата на фактори со најголем ризик за појава на рак на кожа. Веќе се докажани како канцерогени. И научници од Универзитетот во Минесота дошле до сознанија дека сончањето во солариум го зголемува ризикот од малиген тумор на кожа за 74 проценти. Научниците со предупредување – уредите за вештачко потемнување на кожата се вистински канцерогени направи. Со оваа вистина мора да бидат запознаени сите кои одат на доза за вештачко потемнување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.