Дали сирењето е здраво и треба ли постојано да биде на вашето мени?
Повеќе доктори тврдат дека сирењето е здраво за јадење, но дека не треба да се претерува бидејќи дури и тоа може да предизвика несакани ефекти.
„Сирењето содржи важни нутриенти, вклучувајќи ги тука калциумот и протеинот, како и витамин Б12 и цинк. Но, јадењето големи количини на сирење значат внесување на многу калории во телото, кои ќе се наталожат толку не сте внимателни“, вели Кели Причет, регистриран диететичар на Академијата за нутриција и диететика.
Помеките сирења имаат помалку калории од тврдите сирења. На пример, триесетина грама рикота сирење има околу 55 калории, додека истата количина чедар сирење има 120 калории.
Сирењето е исто така богато со заситени масти, кои го зголемуваат нивото на LDL холестерол, попознат како „лошиот холестерол“.
Сепак, покрај тоа што чедар сирењето има најмногу калории, тоа е здраво за вашите заби. Тврдите сирења имаат таква текстура која ѝ помага на устата да лачи плунка, што пак помага да се измие устата од киселините кои се насобираат во неа, и така се заштитуваат забите.