Дали може во текот на сексот срцето да престане да чука? Резултатите од новата студија велат дека тоа може да се случи, иако многу ретко…
За потребите на истражувањето биле собрани информации од 4,500 луѓе кои доживеале ненадеен застој на срцето. Од сите случаи на нагол срцев застој само 1 отсто од нив се случил за време на сексуалната активност, покажува студијата.
– Оваа состојба е опасна и може да предизвика смрт, но мали се шансите дека ќе се случи додека водите љубов – појаснуваат кардиолозите, и додаваат дека резултатите од истражувањето служат за да се претстават пациентите со кардиоваскуларни болести.
Иако ретко се случува, забележано е дека 94 отсто случаи се случиле кај мажите, па така 1 од 100 случаи на срцев застој е забележан кај мажите, а 1 од 1.000 случаи кај жените.
Лицата кои доживуваат нагол срцев застој во текот на сексуалниот однос обично се нешто помлади луѓе, на возраст од околу 60 години, а кои веројатно веќе имале проблеми со срцето кога тоа им се случило.