Дали пушењето може да предизвика рак на дојка?

Цигарите значително го зголемуваат ризикот од рак на дојка , утврдиле истражувачи од Американскиот центар за истражување на ракот Фред Хачинсон во Сиетл. Помладите пушачки од 20 до 44 години имаат  30 отсто поголем ризик од било кој тип на рак на дојка во споредба со жените кои никогаш не пушеле.
Жените кои 10 години пушат по  една кутија цигари на ден имале 60 проценти повисок ризик од најчестите форми на рак на дојка, од оние кои пушеле помалку. Научниците , сепак, не ја потврдиле врската помеѓу пушењето и најагресивната форма на рак на дојка , по истражувањето спроведено кај  1898 жени.
– Цигарите содржат многу токсини  кои влегуваат во крвотокот брзо и се поврзуваат со ракот на дојка кај помладите жени . Ова го зголемува ризикот од најчестата форма на рак, но не влијае и на неговата најагресивна форма – објаснува водачот на истражувањето  д-р Кристофер Ли.
Претходните истражувања потврдиле дека рак на дојка добива секоја осма жени , а зголемениот ризик е поврзан со дебелината , алкохолот и одложување на мајчинството.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.