Дали пушачите можат да доживеат 100 години?

134

Иако генерално се очекува пушачите да живеат 10 години помалку од непушачите, ова во никој случај не е толку стриктно правило.

Џин Калмент, на пример, пушела секој ден од својата 21-годишна возраст, но сепак беше најстарата личност во светот кога во 1997 година почина на возраст од 122 години, вели Вашингтон пост. За да ги разберат овие случаи, научниците на Универзитетот од Калифорнија спровеле студија за долговечните пушачи, споредувајќи 90 пушачи што ја надживеале 80-тата, со 730 што починале пред 70-тата година. Тие откриле генетски маркери што на некои луѓе им овозможуваат да ги пребродат стресорите (услови што предизвикуваат стрес), како што е чадот од цигарите, подобро од другите луѓе.

Всушност, се чини дека „маркерите ја промовираат долговечноста”, вели авторот на студијата, Морган Левин, во соопштението до јавноста.

Кај нив исто така има и помал ризик од канцер. Генетските тестови еден ден би можеле да им овозможат на луѓето полесно да дознаат дали спаѓаат во оваа „биолошки поинаква“ група. Ова е добрата вест. Лошата вест е тоа што Левин забележува дека таа група е „многу мала“ и дека „дури и меѓу оние што се генетски предодредени за долговечност, оставањето на цигарите веројатно сè уште е една од најдобрите работи што можат да ја направат за своето здравје“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.