Дали појадокот треба да е задолжителен?
Отсекогаш се верувало дека појадокот е најважниот оброк во денот, меѓутоа најновите истражување потврдуваат дека не е така.
-Нашите верувања во моќта на појадокот се засновани на погрешно интерпретираните истражувања и пристрастните студии – вели Арон Карол, професор по педијатрија на Универзитетот во Индијана.
– Навистина ми е жал, меѓутоа нема ништо волшебно во врска со појадокот. Тој оброк нема значајна улога ниту пак мистична моќ поврзана со здравјето на луѓето. Треба да јадете само ако сте гладни, доколку не чувствувате глад, треба да почекате додека не огладните – додал професорот.