Дали навистина црното чоколадо е здраво?
Наместо злогласното полномасно млечно чоколадо како добар компромис се чини јадењето црно чоколадо, но не е баш така, предупредува Хелга Струбер од германското Нутриционистичко друштво.
Поголемиот удел на какао значи дека црното чоколадо има повеќе какаова маст отколку класичното млечно иако и се додава помалку шеќер. Со оглед на тоа дека маста од какао, грам по грам содржи повеќе енергија отколку шеќерот, тоа значи дека разликата во количеството калории меѓу црното и млечното чоколадо е всушност незначиелна, објаснува Струбер.
И додека претпоставките за слабеење со црно чоколадо се погрешни, сепак тоа и понатаму е поздрав избор за љубителите на слаткото бидејќи е богато со флавониди кои ги има во овошјето и зеленчукот.
Еден ред црно чоколадо добро дејствува на крвните садови и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, покажаа многу научни истражувања. Меѓутоа, конзумирањето какво било чоколадо во големи количини е нездраво и дебелее, предупредуваат нутриционистите, пренeсува Фена.