Дали навистина има разлика помеѓу обичниот и медицинскиот сапун?

269

Истражувачи во лабораторија ја тестирале делотворноста на обичниот и антибактерискиот сапун на 20 видови бактерии, но и директно на валканите раце на учесниците на истражувањето. Обичниот сапун за рацете е еднакво добар и делотворен во борбата против бактериите како и антибактерискиот сапун, покажало најновото истражување спорведено во Јужна Кореја.

Не постои разлика помеѓу обичниот и антибактерискиот сапун, се вели во истражувањето објавени во „Journal of Antimicrobial Chemotherapy“.

Утврдено е дека „обичниот сапун“ без проблеми може да да му парира на антибактерискиот сапун кој ја содржи контроверзната состојка – триклосан, хемикалија која се поврзува со застој на работата на ендокриниот систем, а етикетирана е и како канцерогена материја која со време се насобира во нашето тело.

– Оваа студија покажала дека присуството на антисептичките состојки во производот, во овој случај триклосанот, не значи секогаш и висока антимикробна делотворност – изјавил авторот на истражувањето Мин-Сук Ри.

Засега останува непознато зошто антибактерискиот сапун со триклосан не го засенил обичниот сапун, но се верува дека на таа хемикалија и е потребно подолго време за поделотворно антибактериско делување во однос на просечните 20 секунди колку што е препорачливо да се мијат рацете. Значително подобри антибактериски резултати, триклосанот покажал се делувањето на бактериолошката култура во лабораторија по 9 часа.

– Производителите на антибактериски сапуни треба да предочат и научно да докажат за подобро делување во однос на обичниот сапун кога веќе така ги рекламираат тие производи – порачал Ри.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.