Дали надградбата на нокти е опасна за здравјето?
Сушењето на гелот под УВ ламба го зголемува ризикот од рак
Некои истражувања покажале дека сушењето на гелот на ноктите под УВ лампа го зголемува ризикот од појава на рак на кожата на рацете. Други пак истраувања го покажуваат спротивното – дека УВ светлото за време на маникирот не доведува до рак на кожата и дека е потребно 250 години секој ден да се прави маникир за да се добие рак на кожата.
Некои лакови може да содржат канцерогени супстанци
Националната токсиколошка програма како канцерогена супстанца во лаковите го наведува бутилатед хидроксианизол, но и толуен и формалдехид.
Добро е овие супстанци да ги нема во лаковите за нокти, па затоа бидете внимателни.
Намалете го ризикот од оштетувања на ноктите и отидете кај професионалец
ABC News известуваа за повредите на една девојка која имала оштетувања на нервите поради лошо надградените нокти. Надоградбата подразбира турпијање на ноктот, па оној што ви го прави маникирот треба да води сметка за оштетувањата на кожата кои може да ви ги направи. Затоа изберете сигурен професионалец и со искуство.
Зголемен ризик од инфекција
И самите знаете дека салоните не користат нова турпија или ножички при секој маникир. Тоа го зголемува ризикот за добивање инфекции. Идеално би било да си понесете своја турпија и останатиот прибор за нокти кога одите во салон. Исто така проверете дали салонот има опрема за дезинфекција после употреба.
Отстранувајте го гелот исклучиво во козметички салон
Понекогаш знаеме да бидеме мрзливи и не одиме во салон за да ни го извадат гелот, туку тоа го правиме дома и обично под туш кога ноктите ни се мокри. Тоа ги оштетува ноктите и ги прави слаби и кршливи. Затоа е важно да отидете во салон.