Дали на пушачите изгледот им е поважен од здравјето?

690

На пушачите изгледот им е поважен од здравјето, покажало истражувањето на ВИП електронските цигари спроведено кај 1500 поранешни пушачи. Тие повеќе биле загрижени од ефектот на цигарите врз нивната кожа и лице отколку ризикот што го носи пушењето како што е ракот на белите дробови.
Здравствените проблеми не им биле ниту на листата на 10-те најчести грижи. Поголем број од нив биле загрижени за жолтите заби и нокти, лош здив, збрчкани усни и бори на лицето. Половина од нив затоа и се откажале од пушењето, а една четворица се обиделе и да ја поправат штетата што ја направиле цигарите.
Првите траги од цигарите во просек се јавиле кај 32 та година од животот, покажало истражувањето.
– Три четвртини од испитаниците признаа дека пушењето го уништило нивниот изглед. Тие се загрижени поради промените во кожата и ноктите кои биле повидливи од здравствените проблеми, велат од истражувачкиот тим на компанијата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.