Дали може да се користат лекови со поминат рок?

На некои лекови можете слободно да го игнорирате рокот на траење. Според неколку извештаи, од кои еден е објавен во Journal of the American Medical Association, лековите ги задржуваат своите способности дури 4 децении по поминување на рокот.

Што значи рокот на траење?

Рокот на траење е ознака од Федерацијата за храна и лекови која е задолжителна од 1979-та година. Датумот кој се наоѓа на производите е гаранција за безбедност и ефикасност на производот. Но истражувањата од Федерацијата покажале дека 90% од над 100 лекови се добри и 15 години по поминување на рокот. Медицинските лица сметаат дека е безбедно да се користат многу лекови по поминувањето на рокот на траење.

Колку долго по поминувањето?

Истражувањето траело над 15 години. Истражувачите анализирале 8 разни лекови со 14 различни активни состојки чиј рок поминал пред 28 до 40 години. Повеќето од активните состојки биле 90% ефективни. Супстанциите кои имале ефикасност помала од 90% биле амфетамин, фенацетин и аспирин. Овие датуми најчесто се за маркетинг, а не за научни причини. За компаниите не е профитабилно да имаат исти лекови по 10 години.

Исклучоци

Лековите кои не треба да ги користите по поминувањето на рокот на траење се:

Тетрациклин: Овие антибиотици ја губат ефикасноста, иако научниците сè уште го истражуваат ова
Нитроглицерин: Лек за срце
Инсулин
Течни антибиотици
Како да одлучите дали да земете лек со поминат рок?

Само во Америка годишно се трошат околу 300 милијарди евра на лекови. Ако се продолжи траењето на лековите ова може да помогне во заштедување за здравството. Дури и ако рокот на лекот е поминат неколку години, важно е да знаете што содржи и за што ќе го користите. Ако лекот е еден од исклучоците или ако вашиот живот зависи од неговата ефикасност, земете лек чиј рок не е поминат. Во сите останати случаи би требало да бидете во ред. Ако имате други прашања, секогаш можете да разговарате со вашиот фармацевт.

извор: Кафепауза

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.