Дали матичните лекари по грешка дијагностицираат висок крвен притисок?

623

Речиси 40% од луѓето кај кои е дијагностициран  висок крвен притисок (хипертензија), всушност воопшто немаат проблем со крвниот притисок, покажуваат резултатите од новото истражување.

Всушност тоа се луѓе од безопасна состојба означена како “хипертензија на белата престилка” – нивниот крвен притисок се зголемува, само кога се под стрес во лекарска ординација. Веднаш штом ќе се вратат дома нивниот крвен притисок се нормализира.

Но каква корист од тоа … На овие луѓе кај кои веќе е дијагностицирана артериска хипертензија, најверојатно им се пропишани силни лекови за справување со всушност непостоечки проблем.

Т.н. хипертензија на белата престилка е одамна позната состојба, но никогаш досега не е спроведено истражување кое го открива размерот. Дури сега експерти од Универзитетот во Барселона, Шпанија заклучиле дека кај околу 42% од жените и 34% од мажите се забележува значително покачување на крвниот притисок само за време на преглед од лекар.

Шпанската студија опфатила околу 70 илјади доброволци, на кои им бил измерен крвниот притисок еднаш во лекарска ординација и еднаш дома, користејќи 24-часовен Холтер (постојан апарат за мерење на крвен притисок).

Само кај мал број се потврди дијагнозата хипертензија – трајно покачување на крвниот притисок над 140/90 mm / Hg. Најголемата група од нив биле мажи пушачи, дијабетичари или луѓе кои страдаат од срцеви проблеми.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.