Дали марихуаната ствара зависност?

381

Др. Семјуел Бол од Националниот центар за зависност и злоупотреба на дроги при Универзитетот Колумбија објаснува дека марихуаната со текот на годините се менувала и оти се урива митот за тоа дека не создава зависност.

Секое десетто лице кое редовно пуши марихуана е изложено на ризик да развие зависност од оваа супстанца, тврди тој.

– Да, би ја окарактеризирал марихуаната како дрога која создава зависност, рече овој експерт.

Тој истакнува дека зависноста ја создава психоактивна супстанца делта 9-тетрахидроканабинол (THC), чија концентрација со текот на годините драстично се зголемила.

– Марихуаната која денес се користи не е онаа иста марихуана која ние сме ја пушеле кога сме биле млади – објаснува тој, укажувајќи на фактот дека станува збор за билка која многу лесно се одгледува и дека луѓето денес ги одгледуваат оние видови кои содржат поголемо ниво на THC.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.