Дали мамурлукот е ист кај сите луѓе?

156

Колку ќе ве боли глава наутро откако ќе излезете, не зависи само од тоа колку алкохол сте испиле претходната вечер. Според студијата која ја спроведоа група научници од Универзитетот во Валенсија, ова зависи и од вашите гени.

Имено, група научници се бавеле со проучување на гените и начинот на кој го регулираат метаболизмот во разградувањето на алкохолот на други соединенија.

Откако алкохолот ќе се внесе во организмот, тој поминува низ неколку фази на разградување. Алкохолот, т.е етанолот со помош на ензими на алкохолна дехидригеназа, се разградува на ацеталдехид. Ако разградувањето на етанолот премногу брзо се одвива, доаѓа до прекумерно насобирање на ацеталдехид во организмот, што за возврат доведува до јавување на главоболка или чувство на мачнина.
Во спротивно, ако имате „побавна‟ верзија на генот ADH1B кој помалку ефикасно ги кодира неопходните ензими за метаболизирање на етанолот, алкохолот подолго останува во „системот‟ продолжувајќи го неговиот опивачки и еуфоричен ефект.

Бидејќи брзината на разградувањето на алкохолот во нашиот организам влијае на тоа дали алкохолот ќе има поповолно или неповолно влијание на нас, научниците откриле дека ова исто така влијае и на нашите навики во конзумирање на алкохолни пијалоци.

„Оваа врска е уште повидлива во машката популација, најверојатно затоа што мажите се помалку општествено инхибирани кога е во прашање употребата на алкохолот‟ – наведе Франческо Францеса, од Департманот за форензичка медицина при Универзитетот во Валенсија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.