Дали лекарите ќе бидат повеќе денови во амбулантите за Мој термин?

546

Министерството за здравство разгледува дали може да го зголемат времетраењето на прегледот кај специјалист. Доколку наместо досегашните 15 минути во ординацијата се задржете 20 или 30 минути ќе треба и поголем број на термини кај лекарите. За овие предлози неофицијално новиот министер за здравство разговарал со тимот од Мој термин. Исто така било дискутирано и за други опции.

За да нема листа на чекање или матичните да ги селектираат и соодветно лекуваат пациентите, а на клиниките да ги испраќаат само потешките случаи или пак специјалистите и професорите да имаат повеќе амбулантски денови.

Од министерството само официјално потврдија дека бил одржан состанок со членови од Упртавата за електронско здравство, но без конкретни решенија и рокови.

-Веќе се договорени средби за поширок дијалог и изнаоѓање заеднички оптимални решенија со директорите на универзитетските клиники, планирани се состаноци и со Лекарската комора на Македонија, стои во кусиот одговор од МЗ.

Инаку Арбен Таравари веднаш по влегувањето во министерскиот кабинет меѓу приоритетите го најави и Мој термин. А за неговото реформирање ќе го исклористел личното искуство како лекар.

-Јас минатиот понеделник и петок прегледував пациенти по 40 и така да знам кои се недостатоци на Мој термин, рече на 05.06.2017 година Арбен Таравари, министер за здравство.

Покрај времетраењето на прегледите во рамки на Мој термин надлежните ќе бараат решение и за плаќањето по учинок. Таравари најави дека ќе ги укине казните за лекарите кои помалку работат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.