Дали и зошто зборувате во сон?

489

Кој зборува во сон?

Половина од децата на возраст меѓу 3 и 10 години зборуваат во сонот и само мал број на возрасни, околу пет проценти. Некои можат да зборуваат цела ноќ.

И мажите и жените го прават тоа подеднакво. Експертите веруваат дека зборувањето во сонот е наследно.

Зошто зборуваме во сонот?

Научниците се уште не се сигурни дали зборуваме во сонот или не, бидејќи сомнилоквија се појавува во сите фази од сонот. Во поголемиот дел од случаите е потполно безопасна, но некогаш знае да биде знак за проблеми во спиењето или одреден здравствен проблем.

За време на ноќните мори или стравови децата пискаат, се дерат и се удираат. Тешко можат да се разбудат во таа состојба. Децата кои имаат ноќни мори често месечарат и зборуваат во сонот. Зборувањето во сонот може да се јави за време на месечарење, но и пореметување со исхрана во сонот, состојба во која човекот јаде во сон.

Пореметувањата за време на REM фазата во сонот може да резултира со викање, па дури и со насилно однесување.

Што може да придонесе за зборување во сон?

Ако инаку не зборувате во сонот, а одеднаш сте почнале, причина за тоа може да биде некоја од следниве работи:

-одредени лекови

-емотивен стрес

-температура

-ментално пореметување

-влијание на наркотици

Кога треба да посетите доктор?

Ако зборувањето во сон се појави одеднаш, во возрасни години и ако е проследено со страв, врескање и насилни реакции добро би било да посетите доктор специјализиран за спиење. Исто така, доколку сметате дека вашето дете има проблеми со сон, добро е да позборувате со педијатар за да дознаете повеќе околу тоа.

Може ли зборувањето во сонот да се намали?

Нема познат начин да се намали зборувањето во сонот. Избегнувањето на стресот и многу сон ќе ја намали веројатноста од појава на ноќни разговори.

Кај повозрасните зборувањето во сонот е поврзано со недостиг од сон, па дури и несоница.

Кајгана

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.