Дали и како временските услови влијаат на болките во зглобовите?

137

Многу луѓе тврдат дека чувствуваат промени, дека ќе врне дожд или дека „ќе се расипе времето“ кога ги врти колено или чувствуваат не само болка, туку и вкочанетост на зглобовите, но тоа не е правило што важи за сите.

Прашање е, ако времето навистина влијае, кое време е најдобро за луѓето кои имаат проблеми со зглобовите?

Во едно истражување од 2004 година тема на ипитување било влијанието на атмосферскиот притисок на артритисот и авторите заклучиле дека пациентите со остеоартритис имаат посилни болки во зглобовите кога притисокот е низок, а пациентите со ревматски артритис имале поголеми болки кога температурата била пониска.

Друго истражување објавено во списанието „Journal of Reumatology“ исто така од 2004 година, покажало дека високата влажност на воздухот не е добра за артритисот.

Истражување објавено во истото списание во 2015 година го опфатило прашањето дали дневните временски услови во рок од три дена и промената на тие временски услови влијаат врз болката во зглобовите кај постари луѓе. Резултатите сугерираат дека нема причинко-последична врска меѓу болката во зглобовите и варијаблите на временските услови од ден за ден.

Од друга страна, истражување споведено во Аргентина врз пациенти со остеоартритис, ревматски артритис и фибромијалгија, но и на луѓе без вакви проблеми, покажало дека болните чувствувале посилни болки во деновите со пониска температура, а на здравите луѓе временските услови не влијаеле.

Кај оние со ревматски артритис влијаеле влажноста и високиот притисок, а кај оние со остеоартритис влијаела високата влажност на воздухот.

Пациентите со фибромијалгија имале проблеми во деновите со висок атмосферски притисок, меѓутоа болките не биле толку јаки за да може да се каже дека болките се предвесник за промена на времето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.