Дали и децата боледуваат од вирусни брадавици?

Вирусните брадавици кај децата најчесто се инфективно заболување „Molluscum contagiosum“ кое лесно се пренесува преку директен контакт со друго заболено лице.

Болеста може да се пренесе и преку индиректен пат, на пример преку бањање во иста када, базен, делење на иста облека и сл.

Кај помалите деца ова инфективно заболување започнува да се манифестира преку појава на светлоцрвен осип кој пред се се појавува на лицето а потоа се шири низ останатиот дел од телото. По одредено време, кожата станува сува и почнува да се лупи наместа формирајќи брадавици кои можат да бидат во различна големина.

Сепак, според медицинските податоци, брадавиците најчесто се лоцирани на  лицето, очните капаци, вратот и пазувите.

Кај поголемиот дел од децата брадавиците се повлекуваат сами од себе.

Извор:Мама365

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.