Дали е загрижувачки што одите почесто во тоалет кога е ладно?
Честопати ви се случува при подолго пешачење кога надвор е ладно да ви се оди во тоалет, почесто отколку во потоплите денови? Не сте единствени и нека не ве загрижува тоа, затоа што причината е токму ладното време.
Самиот процес на исфрлање течности од телото преку мокрење предизвикано поради ладното време се вика студена диуреза, велат лекарите.
Студената диуреза може да се појави кога телесната температура ќе се намали. Биолошкиот одговор на студот е да пренасочи повеќе крв кон вашите витални органи за да ги загрее, а бубрезите ослободуваат повеќе течности за да го стабилизираат притисокот кој притоа се покачува.
Главниот начин да ја спречите ладната диуреза е добро да се облечете и да избегнувате да престојувате на ладно подолго време.