Дали е опасно ако ви пукне капилар во окото?

Оваа состојба е сериозна и може да доведе до сериозно оштетување на видот

Црвена точка во окото како последица на пукање капилар во окото може да изгледа застрашувачки, но всушност станува збор за згрутчување на крвта, односно за обична модрица која ќе помине како и секоја друга модрица без никакво лечење. Оваа состојба станува опасна дури ако црвенилото го следи и нагло губење на видот.

„Згрутчувањето на крвта не мора секкогаш да доведе до влошување на видот. Доколку згрутчувањето на крвта или изливот на крвта во окото се повторува повеќе пати, неопходно е да се направи интернистички преглед, затоа што освен зголемен крвен притисок, причините можат да бидат различни “, вели доктор Драгана Ристиќ, офталмолог.

Таа вели дека е много поопасно пукањето на капилар во внатрешноста на окото, затоа што така секогаш доаѓа до нагло губење на видот, а често окото останува бело и без создавање на крвно згрутчување.

„Пукањето на капилар настанува како последица од затнување на некој од крвните саови во окото. Оваа состојба е сериозна и може да доведе до сериозно оштетување на видот. Причините за создавање можат да бидат разновидни, но пред се тоа се последици на повисок крвен притисок, шеќер или маснотии во крвта, болести на срцето и останатите крвни садови, како и некои офтамолошки болести“, вели доктор Ристиќ.

Таа додава дека во случај на нагло губење на видот потребно е веднаш да се јавите кај офтамолог:

„На овие пациенти пред се им е неопходно лечење кое ќе го започне интернист, а што се однесува на офтамологот, ако е зафатена вена и постои оток или жолта дамка, тогаш се дава соодветна терапија, или во некои случаеви може да се работи и за ласерска инретвенција. Во случаите кога е зафатена артерија на окото, пред се неопходна е интернистичка терапија, а може да се користат и капки за моментално намалување на очниот притисок“, завршува таа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.