Дали е можно од 2025 година Хелсинки да биде град без автомобили?

202

Финскиот главен град планира од 2025 година да ја трансформира мрежата за градски превоз во иновативен систем кој на граѓаните ќе им овозможи низа флексибилни решенија и ќе ги направи автомобилите речиси непотребни во градот.

Проектот претставен од официјалните лица од градот, е можност за инспирација за други големи градови кои се соочуваат со се поголеми сообраќајни проблеми.

Според планот, предвидено е обединување на сите јавни превозни средства (автобуси, велосипеди, такси, траект…).

Корисниците на услугите ќе може да изберат дестинација, да дознаат на кој начин може најлесно да стигнат до неа и да платат за возењето и сето тоа со помош на смартфон.

Принципот е едноставен – потребно е само да се внесе адресата на поаѓање и крајната дестинација и да се избере превозно средство. Апликацијата функционира како планер за патување и универзална платежна платформа што ги поврзува сите опции за превоз.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.