Дали е можно да изгорите и под сенка?

Не постои крема за сончање што целосно ќе ве заштити од сонцето

Бидејќи секој од нас има различна кожа, сончањето не е исто за секого. Некои потемнуваат после само неколку часа на сонце, додека пак други за тоа време само можат да изгорат.

Поради ова, навистина е важно да ја познавате вашата кожа. Доколку имате помалку меланин, тоа значи дека сте посветли и дека имате поголеми шанси за горење.

Колку и да го сакате бронзениот тен, факт е дека за некои ова не е лесно. Пред да излезете на сонце, важно е да размислите за неколку нешта.

Доколку користите заштитна крема со фактор 15, 30 или 50, важно е да знаете дека и тогаш можете да потемните.

Не постои крема за сончање што целосно ќе ве заштити од сонцето, а ќе потемните без разлика на факторот.

 

На незаштитената кожа ѝ се потребни десетина минути за да покаже знаци на горење. Доколку нанесете крема со фактор 50, тогаш ќе ви биде потребно 50 пати подолго за да изгорите.

Истото важи и за другите фактори. Исто така, не заборавајте дека кремата треба да ја нанесувате неколку пати, бидејќи потта и капењето можат да ја избришат. Најдобро е да користите креми со минерална заштита.

 

Веројатно веќе ви е јасно дека треба да нанесете заштитна крема пред секое излегување на сонце, но дали знаевте дека овие креми се неопходни и кога сте во домот или под сенка?

УВА зраците можат да пробијат и низ стакло. Поради ова, важно е да бидете заштитени доколку сте во просторија со прозорци или во автомобил. Овие зраци ве изложуваат на опасност дури и кога сте во затворен простор.

Истовремено, и стоењето под сенка нема да ве заштити од сонцето. УВБ зраците се доволни силни и можат да продрат и преку заштитата. Значи, дури и кога не сте директно изложени на сонце, морате да нанесете крема со заштитен фактор.

 

За повеќето луѓе, кремата со фактор 15 е сосема доволна заштита под сенка. Сепак, доколку имате почувствителна кожа, најдобро е да одберете повисок фактор.

Коментари

коментари