Дали е добро рацете да ги миете со студена вода?

Миењето на рацете со студена вода е исто толку ефикасно за уништување на микробите, колку и користењето на топла вода, пишува Дејли експрес, повикувајќи се на резултатите од едно американско истражување.

Авторите од Универзитетот Рутгерс утврдиле дека без разлика дали рацете се мијат со студена вода на температура од 15 степени Целзиусови или со топла – 37,7 степени Целзиусови, ефектот е ист.

Специјалистите откриле исто дека антибактерискиот сапун не е поефикасен од обичниот за уништување на микробите.

Истражувачите истакнуваат уште дека независно од сапунот и температурата на водата, најдобро е рацете да се мијат под млаз минимум 10 секунди за да се отстранат штетните бактерии, меѓу кои и оние кои предизвикуваат труење со храна.

Научниците веруваат дека откритието не само што ќе придонесе за спасувањето на планетата, бидејќи при употреба на ладна вода се штеди повеќе енергија, туку и ќе се подобрат хигиенските стандарди при ракувањето со храна.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.