Дали дијабетесот е причина за рана менопауза?

228

Жените кои боледуваат од дијабетес во просек порано влегуваат во менопауза и значително е поголем ризикот дека тие хормоналните промени ги доживуваат во 48 – та година во споредба со просекот на возраста на менопаузата со 50, покажало истражувањето на Универзитетот Картагена во Колумбија. Истражувањето бил онаправено на примерок од 6000 жени во 11 земји.
Според податоците жените со дијабетес тип 2 имаат три пати поголем ризик од рано влегување во менопауза , а некои од нив може да ја доживеат уште во 40тата година.
Покрај тоа, истражувачите откриле дека жените со повисок индекс на телесна маса имаат 57 отсто поголем ризик од развивање на дијабетес , а за неговата појава влијание има и високиот крвен притисок.
– Менопаузата не го зголемува ризикот од дијабетес , но дијабетесот ја зголемува веројатноста за рано влегување во менопауза, заклучиле истражувачите. Предупредуваат дека раното влегување во менопауза го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар , како и остеопороза , што значи дека превенцијата од дијабетес е важен чекор за здравјето на секоја жена.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.