Дали бучавата може да ја загрози плодноста кај мажите?

Научниците од Универзитетот во Сеул сметаат дека изложеноста на бучава за време на сонот може да има хронично стресно влијание на организмот и да ја намали плодноста.

Во истражувањето биле користени податоци од 206.000 испитаници на возраст од 20 до 59 години.

Изложеноста на бучава била пресметана според местото на живеење на испитаниците.

Според податоците собирани во текот на осум години, мажите кои во текот на ноќта биле изложени на бучава погласна од 55 децибели имале во просек за 14 % поголем ризик да добијат дијагноза дека се неплодни.

Станува збор за бучава што ја произведува на пример климатизерот во собата.

Претходни истражувања спроведени на жени ја поврзуваат изложенота на бучава со зголемен ризик од предвремено породување и спонтан абортус.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.