Дали бракот ги дебелее мажите?
Бракот очигледно не е тешко бреме за мажите. Забораваат на својот изглед и на тежината. Тие многу повеќе “трупаат” килограми во бракот за разлика од жените. Тоа го покажува истражувањето на Универзитетот во Минесота во САД кај 530 новопечени младенци.
Повеќе од половина од женетите мажи се дебели (60 проценти), додека, пак, 40 отсто од жените се со прекумерна тежина.
Мажите во бракот се опуштаат и ја запоставуваат физичката активност.