Дали боледувате од орторексија?

Орторексија е болест која се појавува кај луѓе кои претерано се посветуваат на здравата исхрана. Всушност, овие луѓе имаат страв да јадат намирници кои им штетат на нивното здравје.

Сè повеќе млади луѓе страдаат од ова пореметување бидејќи не се доволно информирани за здравиот начин на исхрана. Најчесто започнува со обидот да се јаде квалитетна храна, потоа станува опсесија на пример кога пред конзумирањето на храната се проверува составот или дали има некои непосакувани состојки.

Орторексичарите воглавно се загрижени околу нивната тежина, па од големата посветеност за избор на исклучиво здрава храна, се случува несвесно да губат килограми. Лекувањето на оваа болест е доста комплицирано бидејќи луѓето не прифаќаат лекови како антидепресиви бидејќи ги сметат за штетни.

Еден од начините е да почнат да јадат намирници кои ќе им ги препорача нутриционист. Да се храните здраво е навистина важно, но исто така е доста важно добро да се информирате. Некогаш е добро и да си дозволите да јадете нешто што можеби не е  “според прописите”.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.