Д-р Митов: Неколку јајца не се проблем туку солта го влошува здравјето
За Велигденските празници да се изедат онолку јајца колку што се консумираат и другите денови, советуваат лекарите. Експертите за исхрана се категорични дека неколку јајца нема да предизвикаат здравствени проблеми, но поопасно е ако се јадат со многу сол. Ова според д-р Митов може да доведе до покачување на крвниот притисок што е ризик фактор за кардиоваскуларни болести. Дека македонските граѓани јадат многу солена храна покажува и последното истражување на ИЈЗ. Според добиените податоци во белиот леб кој е доминантен во исхраната има двојно повеќе сол од препорачаните 5 грама.
-Неколку јајца изедени за Велигденските празници нема да направат проблем. Но, навиката да ставаме сол во храната е е тоа што може да ни направи проблем на долг рок. Така што можеби солењето на јајцата е поголемиот проблем отколку самите јајца. Навиката за солење е сериозен здравствен проблем. СЗО вели, ако во цел свет дојде до намалување на количините на сол на 5 грама на ден на секој човек. Тогаш на годишно ниво ќе се спасат 2,5 милиони животи, изјави д-р Александар Митов, м-р по јавно здравство и влијанија на животната средина врз здравјето.
Лекарите советуваат и граѓаните кои постеле постепено да внесуваат во организмот храна од животинско потекло. Но, според д-р Митов не само за празниците на исраната треба да се внимава секој ден.
-Тоа што го јадеме помеѓу празниците е тоа што не убива и што го нарушува нашето здравје, категоричен е д-р Митов.
За време на Велигденските празници да се внимава и со алкохолот бидејќи во комбинација со масната храна е вистинска бомба за организмот.