Д-р Марковски: Му се понудив на Филипче да бидам вклучен во борбата против вирусот, никогаш не ми се јави

Инфектологот д-р Вело Марковски, вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина” на Канал 5, во која зборуваше за состојбата со коронавирусот во државата.

Д-р Марковски истакна дека пациентите не се лекуваат соодветно и дека паролата „седете дома“ е најголемата грешка која државата ја прави.

„Генерално, што е најголемата грешка?! Тоа е паролата „седете дома” на пациентите, јавувајте се по телефон и немојте да одите на лекар. Штедете ги лекарите, немојте по рецепти да одите во аптеки. Значи, маса на луѓе оставивме без да ги види матичен лекар што е нон-сенс. Тука ние имаме проблем. И после кажуваат доцна им доаѓале пациентите. Па, како да доаѓаат кога вие им кажувате да не доаѓаат на лекар. А клиничката слика од пролетта до сега е сменета кај пациентите од ковид-19. Скоро кај сите починати постои бактериска пневмонија со јасни параметри, со високо CRP, со висока седиментација и пореметени фактори на коагулација. И затоа пациентите треба да ги лекуваме соодветно. Не смее да се пушти пациент да не биде виден, да не биде прегледан. Другиот проблем е раното давање антибиотици. Давање антибиотик за време на вирусна инфекција може да има катастрофални последици. Тоа не е мој став, тоа е став на науката, посочи Марковски.

Инфектологот потенцираше и дека битката со Ковид-19 мора да биде натпартиска, односно со стручен медицински кадар.

„Јас ѝ порачав на Владата на чело во битката со Ковид-19 да стави инфектолог и Комисијата за заразни болести да биде составена претежно од инфектолози. Во разговор со министерот за здравство Венко Филипче се понудив самиот јас да бидам вклучен на клиниките во борбата со Ковид-19, но министерот никогаш не ми се јави. Многу сум разочаран од министерот како човек“, рече Марковски.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.