Д-р Јованка Сурлакова Коровешовска: Егоизмот е голем, со Ковид-19 одат на работа и кријат симптоми

Околу 700 пациенти со ковид-19 се лекуваат во болниците низ Македонија, а од нив 234 се на кислородна поддршка и 14 на респиратор. Здравствениот систем е оптоварен и мака мачи да ги смести новите заразени на кои им е потребна хоспитализација. Сите интерни клиники во склоп на Клиничкиот центар ќе примаат ковид пациенти и истовремено ќе ги примаат и оние што немаат ковид дијагноза, како дел од стратегијата за проширување на болничките капацитети на Министерството за здравство. На ваков начин уште 150 кревети ќе бидат обезбедени на Клиничкиот центар за третман на оние на кои им е потребно болничко лекување а имаат компликации од коронавирусот. Овие пациенти ќе бидат одделени во посебни зони, за да не се наруши нормалното функционирање на одделите што примаат пациенти за редовни интервенции или рутински контроли.

Министерството за здравство соопшти и дека 180 специјализанти од другите градови и од Скопје ќе се вратат во матичните клиники, по што ќе се реорганизираат и ќе можат да ја добијат соодветната грижа. Пандемијата во Македонија секојдневно се засилува. Новите мерки за задолжително носење маска и за забрана за работа на кафеаните после 21 часот, како и забраната за групирање после 21 часот се очекува да дадат резултат до крајот на месецов. Во меѓувреме болниците во Скопје, Штип, Тетово, Битола, Прилеп, Куманово, Струга, Гостивар, Кичево, Дебар, Струмица како и приватните клиники во Скопје се пополнуваат забрзано.

Епидемиологот доктор Јованка Сурлакова Коровешовска од Центарот за јавно здравје Охрид, за ,,Слободен печат” тврди дека егиоизмот кај граѓаните е огромен и дека тие болни и со симптоми кои ги кријат воопшто не се изолираат и така заразата се шири.

-Најголем проблем е што болните одат на работа, се шетаат и кријат дека се болни. Одат по кафеани, се дружат, а со симптоми и болни. Не научија дека изолацијата е најдобра превентивна мерка да се спречи ширењето на епидемијата. Владее некој егоизам од видот ,,мене кој ме разболе?”. Или, ако јас сум болен тогаш сите нека бидат болни. Сите болни одат на работа, ја шират заразата. Најтешко им паѓа што ако се изолираат нема да имаат контакт со семејството и не даваат вистинити информации за контактите. Буквално ги кријат контактите. Тоа е голема грешка и причина за вжештувањето на пандемијата, ни рече доктор Коровешовска коментирајќи ја секојдневната пракса со која се соочува како епидемиолог во ЦЈЗ Охрид.

Таа додаде дека во охридската болница има ,,тепачка” за хоспитализации.

-Сите сакаат да се хоспитализираат, зашто мислат дека е подбро да имаат надзор од лекар. Се тепаат да бидат хоспиталзирани. А дел од нив сметам дека воопшто не треба да се хоспитализирани зашто им го зафаќаат местото на тие со потешка форма на болеста. Оние со многу тешка клиничка слика се испраќаат во Скопје, на Инфективната клиника, додаде докторката.

Текстот продолжува на СЛОБОДЕНПЕЧАТ

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.