Д-р Ирина Сотирова Бухова: Старските домови и понатаму треба да се „мета“ на посебно внимание

Кризата со коронавирусот наметна потреба за строга контрола во здравствените установи каде се сместени возрасни пациенти. Поучени од италијанските и шпанските негативни искуства каде во геријатриските установи беа регистрирани голем број на смртни случаи, во државата се спроведуваат строги контроли и се воведоа ригорозни протоколи за да се заштити оваа категорија граѓани од влезот на коронавирусот. За сите аспекти на ваквите контроли, „Слободен печат“ разговара со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, доктор Ирина Сотирова Бухова.

Доктор Бухова, каква е состојбата во државните здравствени установи кои згрижуваат возрасни пациенти, како хоспис, геријатриски установи, во поглед на тоа дали таму имаме појава на случаи на Ковид 19 и како генерално би ја оцениле состојбата во овие установи од почетокот на корона кризата?

Во земјава функционираат 29 приватни и 5 државни институции за згрижување и нега на возрасни лица. Овие институции работат под ингеренции на Министерството за труд и социјална политика, кое всушност издава дозволи за работа на овие популарно наречени старски домови. За време на пандемијата од Ковид -19 Државниот здравствен и санитарен инспекторат – ДСЗИ има навистина голема, тешка и одговорна улога во работата на овие институции, ако се земе предвид дека во нив се стационирани лица кои се во сериозно голем ризик од корона -вирусот.

Поради возраста на згрижените лица и постоечките коморбитети ДСЗИ задолжително го контролира спроведувањето на протоколите, нема компромис. ДСЗИ во овие институции ги контролира санитарно-хигиенските аспекти, но со пандемијата активно сме вклучени и во вонредни инспекциски надзори со цел превентивно да се делува за да не се шири корона-вирусот во институциите каде се сместени возрасни лица. Од почетокот на пандемијата до денес извршивме вонредни инспекциски надзори на сите институции за возрасни лица, контролиравме колку, каква и како вработените ја употребуваат личната заштитна опрема. Проверуваме дури и тоа какви средства за дезинфекција се употребуваат.

Интревјуто продолжува на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.