Д-р Данаиловски: Можно е и некој вакциниран да го фати индискиот сој и да го донесе
Епидемиологот Драган Даниловски смета дека сите вакцини штитат од индискиот сој на корона.
„Меѓутоа не знаеме колку проценти се тоа. Заразување е можно и можно е некој вакциниран да го фати и да го донесе. Сепак мислам ризикот е дека мал, со оглед на тоа дека на граница треба да приложите негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација“, вели докторот во интервју за ТВ Сител.
Во однос на тоа дали учениците треба да ја почнат својата учебна година од училишните клупи, Даниловски е категоричен и наведува дека треба да вратат.
„Епидемиолошката слика го дозволува тоа. Конечно и дефинитивно треба да се вратат во училиштата“, изјави Даниловски.