Човек што мисли трезен пијан го кажува истото!

207

Резултатите од една студија научно потврдија дека луѓето под влијание на алкохол се поискрени и оти поретко се повлекуваат поради страв од последиците од своите постапки.
Научниците од Универзитетот во Мисури докажаа дека е вистинита поговорката: Она што трезен го мисли, пијан го кажува.
Испитувале 67 лица, поделени во две групи. Едната група пиела вотка и тоник, а другата плацебо безалкохолен пијалак. Потоа добиле задача да препознаат одредени карактеристики на лицата на фотографии кои им биле покажани.

Забележано е дека оние кои не конзумирале алкохол, откако ќе направеле грешка тие повеќе размислуваат за следниот пат да не ја повторат грешката.

Групата која конзумирала алкохол воопшто не се возбудувала поради грешката и продолжувала да одговара со иста брзина како и претходно. Биле свесни дека згрешиле, но едноставно не им било грижа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.