Чкрипењето повеќе ги уништува забите отколку џвакањето

Горните и долните заби треба да се допираат само кога се јаде. Но, секој втор човек повремено чкрипи со забите, а секој петти тоа го прави редовно, велат стоматолозите.

Некои луѓе чкрипат со забите само во сон, што се нарекува бруксизам, а други несвесно го прават тоа и во текот на денот. Во секој случај, таквата навика прави притисок врз забите, многу поголем од џвакањето.

– Притисокот може да биде и до 600 килограми по квадратен инч – вели Дитмар Естерајх, потпретседател на Здружението на германски стоматолози (БЗАЕК).

Чкрипењето е штетно за забите, затоа што може да ги затупи секачите, очниците, катниците и претканиците.

– Со тоа се губи глеѓта на забите и тие ја губат изворната форма – вели Естерајх.

Според него, во таков случај забите ќе почнат да реагираат на студено и топло, делови од нив можат да се скршат, а пломбите да паднат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.