Четворица хоспитализирани на Токсикологија поради труење со солна киселина и варикина

874

Продолжува лошиот тренд во Македонија кај труења со корозивни средства. Три жени и еден маж се последните случаи на Токсикологија кои сакале да се самоубијат  со пиење на солна киселина и варикина. Навреме им била дадена здравствена помош и според лекарите сите се надвор од животна опасност. Брачни и семејни расправии биле главните причини да посегнат по својот живот. Решението го нашле во корозивните средства кои се и ефтини и достапни.

Киселината прави изгореници во организмот, може да дојде до стеснување на хранопроводот или други делови од органите за варење и пациентот нема како да јаде. Токсиколозите велат дека е успех за земјата што ја намалиле смртноста кај ваквите труења, но ги загрижуваат статистичките податоци според кои Македонија е неславен рекордер во Европа по труења со корозивни средства. Велат дека пациентите најмногу сакаат солна киселина, варикина и оние средствата за чистење во домаќинствата, односно, кои им се достапни и ги има во малопродажба.

Според податоците на Токсикологија, годишно имаат од 100 до 150 пациенти со труења од корозивни средства. За споредба, во скандинавските земји оваа бројка ја регистрираат за период од 20 години. Дури 95 проценти од оние кои испиле солна киселина е поради обид за самоубиство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.