Чашка алкохол и седнување зад волан опасна комбинација за матурантите!
Вчера во раните утрински часови матурант од Скопје изгубил контрола над возилото и направил сообраќајка. Се здобил со повеќе повреди и со возило на Брза Помош бил транспортиран во Клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски. Истрагата треба да покаже дали возел со голема брзина или под дејство на алкохол. За да бидат избегнати вакви несреќи, лекарите со совет до матурантите дека само една чашка алкохол може да ги наруши функциите во организмот а уште полошо е ако во таква состојба седнат зад волан.
– Знаеме дека уште од 16 години можат да добијат возачка, и токму во таа насока, сакаме да знаат за превенцијата и опасноста од алкохол и психотропни сусптанци и потоа возење со што не само што го загрозуваат својот живот туку и животите на други, вели др. Татјана Баевска Вучковиќ директор на Здравствен дом Скопје
Пред неколку денови завршија едукативните предавања на лекари од Здравствен дом Скопје во средни училишта, каде таргет биле и матурантите кои слушале но и прашувале за опасноста од алкохолот, психотропните супстанци и возењето во пијана состојба. Крајната порака била дека збогувањето со професорите и школските другари по кои следуваат забави до рани зори, да биде примерно и достоинствено а не со скршеници, детоксикација и полициски интервенции.