Чакаровски: Повлечени се лекови од паралелниот увоз од трети земји

Дозволете институциите да работат врз случајот, а сите спорни лекови се повлечени и граѓаните да не се грижат. Ова денеска го истакна заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски одговарајќи на новинарско прашање за случајот со контрола на лековите од паралелен увоз од трети земји.
Тој потенцира дека веќе е објавено и додаде оти има таков случај што треба да го расчистат институциите.
– Додека не добиеме официјална информација од институциите кои го водат случајот, за кои лекови се работи, колку се на број, кој ги увезува и кој ги произведува, не можам ништо да тврдам. Ако мислите дека има институција во светот што за 24 часа може да ги информира граѓаните на која било држава кои лекови се безбедни, а кои не се, во моментот кога се откриваат одреден број на фалсификувани лекови, покажете ми ја таа држава за ние таму да пуштиме експерти да научат и да не научат и нас. Дозволете институциите да си го работат случајот, потенцира Чакаровски.
Според информации од Агенцијата за лекови, повлекле 28 пакувања од еден лек за кои по сомневањата потврдиле дека се работи за фалсификат. Лекот е увезен преку паралелен увоз и тоа најверојатно од Турција.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.