Бучавата може да предизвика дебелеење!

569

Изложеноста на извори на бучава е правопропорционално поврзана со зголемена опасност од прекумерна тежина, покажува најново истражување на шведски научници.

Истражување спроведено на Институтот „Каролиснка“ во Стокхолм покажува дека опасноста за прекумерна тежина расте правопропорционално со зголемениот број на извори на бучава на кои личноста е истовремено изложена. Во истражувањето се користат податоци собрани во период од 14 години од околу 5.000 испитаници на возраст од 43 до 66 години. Според истражувањето, изложеноста на бучава предизвикана од сообраќајна навалица е поврзана со 25 проценти зголемен ризик за прекумерна тежина, а во комбинација со бучава од возови и авиони ризикот речиси двојно се зголемува. Освен тоа, со секој дополнителен децибел бучава пропорционално се зголемува и ризикот од поголем обем на струкот, без оглед на факторите поврзнаи со животниот стил и социоекономскиот статус на испитаниците.

Експертите укажуваат дека долготрајната изложеност на бучава може да влијае и на работата на хормоните и метаболизмот, со што може да доведе до прекумерна тежина, особено во пределот на струкот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.