Британски доктори го обновиле видот на 2 пациенти

Британски доктори успешно искористиле матични клетки за обновување на дегенеративно ткиво зад очите на два пациенти во процедура која за прв пат се извела во светот.

Сега тие се надеваат дека ваква форма на терапија би била овозможна во следните 5 години, отворајќи ја можноста за обновување на видот на милионите пациенти низ светот.

Двата стари пациенти боледувале од состојбата наречена макуларна дегенерација, која е поврзана со староста и која е причина за околу половината од сите случаи на слепило.

Едноставно кажано, болеста вклучува распаѓање на слојот клетки кои се наоѓаат зад прачките и конусите чувствителни на светлина кои ја формираат ретината на окото.

Овој слој наречен ретинален пигментен епителиум помага при транспортот на хранливите состојки во надворешниот слој на ретината и за исфрлање на отпадот. Неговото оштетување води до таложење на материјали кои бавно ги убиваат околните клетки. Како поминува времето, постојаната дегенерација може да се прошири во слепа точка која пречи на видот.

За еден од пациентите, 86 годишниот Даглас Вотерс, оваа состојба значела губење на половина од видното поле, бидејќи скоро ништо не можел да гледа со десното око.

Врз него пред една година била направена операција каде парче направено од специјално дизајнирани модификувани ембрионски матични клетки тенки 40 микрони, а широки 4x6mm било вметнато во ретината.

Овие клетки не само што биле пораснати да ги реплицираат разните клетки во ретиналниот пигментен епителум, туку биле и премачкани со синтетичка состојка која им помагала да останат залепени на тоа место.

Со студија која била направена 12 месеци по операцијата и кај двајцата пациенти биле забележани значителни подобрувања.

Истражувачкиот тим добил дозвола за тестирање на оваа процедура на уште 8 кандидати, а доколку и тоа помине во најдобар ред, таа наскоро може да биде и пошироко достапна.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.