Бракот сo текот на годините станува се подобар!

202

Мажите повеќе ги ценат своите жени во нивните 60-ти и 70-тите години, отколку во нивната младост и средната возраст,аи среќнитеи парови кои остануваат во брак до староста можат да очекуваат уште подобро време што ќе го поминат заедно, покажало истражувањето на универзитетот Харвард кој истражувал 268 мажи на возраст од 19-92. Според едно од најдолготрајните социолошки истражувања кое почнало уште во 1938 година , што е подолг “стажот” во бракот, брачните партнери се поблиски и посреќни.
Една од причините е што мажите како стареат учат се повеќе да ја ценат својата “подобра половина”. Брачните партнери подобро се надополнуваат а зближувањето е уште поизразено кога децата ќе се отселат од домот. Според истражувањето, луѓето стануваат се повеќе зависни едни со други како што стареат, а чуството дека имате на кого да сметате е многу убаво. Покрај тоа, луѓето се повеќе се фокусирани на нивниот брачен другар кога во староста ги губат пријателите, а тоа особено важи за мажите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.