Босилек – кралска билка полна со здравје

Растение на љубовта

Босилекот е познат низ целиот свет, a неговите сјајно зелени, миризливи и нежни листови го прават извонредно растениe кое ни стои на располагање за многу разни примени и секогаш е во служба на здравјето…

Се користи во католичката и православната црква, го има во секој дом, во Италија го нарекуваат растение на љубовта, а за Грците ова е кралска билка.

Како и да е, прочитајте го нашиот текст посветен на ова растение и оценете сами. Главното дејство на босилекот, кое било откриено уште од многу одамна од нашите предци е неговата чудесна способност да ни помогне при проблеми со стомакот, подобрување на работата на желудникот, смирување на нервниот систем, несоница, грчеви во желудникот, труења и детоксикација на организамот.

Интересно е тоа што чајот приготвен од босилек им помага на младите мајки да го зголемат млекото за да можат непречено да дојат. Свежо исцедениот сок од босилек се користи како лек против ушна инфекција. Чајот од босилек се приготвува на вообичаен начин како и сите други чаеви кои досега сме ги спомнале, а здрав човек може да го конзумира 2 до 3 пати дневно, без шеќер или малку засладен со мед.

Чајот од босилек во борба против покачената темперетура

Чајот од босилек делува освежително на човековиот организам, а притоа има и антипиретички дејства. При покачена температура секој час се зема една до две големи лажици со ладен чај од камилица.

Чајот од босилек ви обезбедува квалитетен и мирен сон

Вообичаено приготвен чај од босилек е одличен лек за несоница. Секоја вечер пред спиење испијте по една шоља од овој чај, притоа не го засладувајте, а конзумирајте го умерено топол.

Чајот од босилек ве ослободува од стомачните проблеми

Главното дејство на босилекот е дигестивниот систем. Не се двоумете доколку имате проблеми со стомакот или грчеви во желудникот да се напиете умерено топол незасладен чај од босилек, бидејќи со сигурност ќе забележите подобрување. Доколку имате цревни инфекции или други дигестивни болести користете го чајот од босилек заедно со дадената терапија за побрзо да се ослободите од проблемот. Освен чајот, босилекот може да се користи и како зачин во многу салати и разни јадења кои секојдневно ги користиме, освен што дава неодолива арома, има и одлични здравствени придобивки.

Коментари

коментари