Болката во рамото е серизоно предупредување за одење на лекар

318

Доколку имате проблеми со константни болки во рамената, посетете доктор бидејќи таквата болка би можела да укажува на срцеви заболувања, тврдат научниците.

– Ако страдате од болки во рамената, тоа би можело да биде знак на друга состојба, односно проблеми со срцето, изјавил водечкиот автор на американското истражување на универзитетот во Јута, Курт Хегеман.

Во истражувањето биле анализирани податоци на 1.266 работници. Анализите покажуваат дека поважните фактори кои влијаат на болестите на срцето, како што се високиот крвен притисок и високото ниво на холестерол, влијаат на проблемите со рамената.

Учесниците во ова истражување со најтешките ризични фактори имаат 4,6 пати поголеми шанси за болки во рамената отколку оние кои ги немале ваквите фактори. Оние со средното ниво на ризични фактори имале помалку проблеми со рамената.

– Големиот физички напор може да ги влоши проблемите со рораторната манжетна на рамениците, но тоа не е примарен проблем. Ризичните фактори на кардиоваскуларните болести се многу посериозни од факторот на работното место, додава тој.

Контролирањето на високиот крвен притисок и другите ризични фактори можат да ја намалат болката во рамената.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.