Болката во грлото лекувајте ја со мед и сол!

190

Болката во грлото е симптом на воспалена слузница, која може да се појави како последица од инфекција или иритација.

Овие болки најчесто се јавуваат како дел од вирусна инфекција, кога се присутни истоштеност, висока температура, главоболка, течење на носот.

Симптомите траат од три до седум дена и спонтано се повлекуваат. Некои од нив можат да се ублажат и со помош на природни лекови, како што се медот и солта.

Медот дејствува антибактериски, па може да ја намали болката во грлото, кое треба да се исплакне со мешавина од две до три лажици мед растопен во малку млака вода, најмалку двапати дневно.

Солената вода со векови се користела за лекување на воспалено грло. Таа ја привлекува влагата од слузницата и на тој начин ја разложува слузта и му помага на грлото да се прочисти. Се става половина кафена лажичка сол во филџан топла вода и со тоа се испира грлото трипати дневно.

Морската сол е единствено од најефикасните средства за лекување на запушениот нос. Се раствора мала лажичка сол во филџан млака вода и се става во едната, па во другата ноздрва. Постапката се повторува неколку пати во текот на денот. Солта ги уништува бактериите и вирусите кои ја напаѓаат слузницата на носот, па затоа испирањето се препорачува и како превенција, посебно во зимскиот период.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.